Светскиот ден на детето

На 20.11.2019 година, во фискултурната сала на училиштето, се одржа настан по повод Светскиот ден на детето. Учениците од III – 2 одделение, нивните родители и наставничките Дубравка Гешовска и Тодорка Гоцкова го прославија Светскиот ден на детето со следните активности:

  • Училиштето нека „посини“: Учениците, родителите и наставниците беа облечени во сино
  • На почетокот родителите ја следеа презентацијата за сите активности на учениците од „Најголемиот час на светот 2019“
  • Родителите ја слушаа презентација од учениците за Конвенцијата
  • Учениците се претставија со забавна музичка игра
  • Се разгледа изложбата од изработките од „Најголемиот час на светот 2019“
  • Се читаа литературните творби од страна на учениците-автори на истите
  • Се презентираше играта „Митови или заблуди околу Конвенцијата за правата на детето“, а потоа родителите водени од учениците ја играа играта

 


 


 

Почеток

08:00

среда, ноември 20, 2019

Крај

16:00

среда, ноември 20, 2019

Адреса

ООУ „Блаже Конески“ - Скопје

Учесници на настанот

You cannot copy content of this page

error: Содржината е заштитена !!