Денес 19 ноември , Светски ден за превенција против меѓуврсничкото насилство во нашето училиште се одржа настан под мотото,, Избери другарство, отфрли насилство” со премиерна промоција на видео запис во кој учествуваа дел од нашите ученици. Одделенскиот наставник Тања Томовска Герасимовска , координатор на проектот,заедно со безрезервната поддршка од Директорка Виолета Ристовска, психолог Александра Арсовска Белчовска, соработниците од редовите на наставниот кадар Јоана Николиќ, Љупка Николовска , Стефанија Славковиќ и секако нашите ученици се тимот кој застана позади ова клучно и загрижувачко општествено прашање. Секоја пофалба за иницијативата и реализацијата. Нашата цел се безгрижни училишни денови без насилството. Не застануваме тука. Продолжуваме понатаму. Насилството не е опција, насилството не е тренд, не е сила ниту херојство. Насилството е слабост и несигурност.
Светски ден за превенција против меѓуврсничкото насилство – „Избери другарство, отфрли насилство“
Почеток
10:00
вторник, ноември 19, 2024
Крај
12:00
вторник, ноември 19, 2024
Адреса
ООУ „Блаже Конески“ - Скопје







