Светски ден на Аутизмот

По повод 2 Април Светскиот ден на Аутизмот, во нашето училиште се реализираа повеќе активности за одбележување на неделата за прифаќање и подигнување на свеста за Аутизмот под мото: „Среќно патувам низ животот“.

Учениците заедно со своите наставници преку активности ја одбележаа неделата. Во прилог се проследени слики и видеа од одбележување на денот. Уживајте!

 

,,Направи ме среќен! ” е мотото под кое го одбележуваме  2 Април- Светски ден на Аутизмот.
Учениците од III-1 одделение од ООУ,, Блаже Конески” – Скопје со одделенскиот наставник Јадранка Клисарова и образовниот асистент Ангелина Цветковска, имаа повеќе активности:
– разговор за аутизмот
– како да се однесуваме со другарчињата кои имаат аутизам
– вклучување на сите другарчиња во активностит
– изработка на многу едукативни материјали
– плакат со отпечатоци на сите деца
– венец со симболика на сличноста и различноста кај децата.
Посебен белег дадовме на значењето на следните искази:
1. Доколку видиш дека сум вознемирен, повикај ја наставничката,
2. Подобро ќе научам, доколку ми покажеш како се прави тоа, отколку да ми овјаснуваш со зборови,
3. Приближи ми се за време на одморите, биди ми другар, биди трпелив, изброј 1…2…3
4. Внимавај може да ме вознемират гласни звуци и нагли допири.
Сите деца на овој свет се деца, секое со своите сличности и различности. Секое дете заслужува да биде среќно!

 

 
 

Почеток

09:00

петок, април 1, 2022

Крај

16:00

петок, април 1, 2022

Адреса

ООУ „Блаже Конески“ - Скопје

Учесници на настанот

You cannot copy content of this page

error: Содржината е заштитена !!