Свечено отворање и пуштање во употреба на новата училиштна зграда на ООУ ,,Блаже Конески”.
Нашето училиште доби нов лик и прерасна во едно од најсовремените училишта во земјава. Простор каде што децата ќе учат со радост, ќе се развиваат и ќе го градат своето знаење во современа и безбедна средина.
Со отворањето на новата училиштна зграда, отворивме и едно ново поглавје кое нуди современи услови за работа и квалитетно образование, стимулативна училиштна средина во која учениците ќе можат да ja изразат својата креативност, да стекнат трајни и квалитетни знаења кои ќе им овозможат успеси во понатамошното образование. 🍀













































































