Учество на математичкиот државен електронски натпревар „ПИ-ДЕН“

И оваа година учениците од II (второ)-2 одделение се приклучија и учествуваа на Математичкиот државен електронски натпревар ПИ-ДЕН.

Истиот се реализираше во чест на Меѓународниот ден на математиката, 14 март 2021 година во 12 часот.

Учениците Лена Блажева, Елени Шутиноска, Олег Мирчески, Милена Новеска и Борјан Ѓорѓиески, заедно со нивниот ментор – наставничката Билјана Мирковиќ беа овогодинешните учесници кои го преставуваа нашето училиште на математичкиот натпревар. Задоволство е кога уште од мала возраст имаш желба, знаење, храброст и самодоверба да учествуваш на државен натпревар.

Ги охрабруваме и во целост поддржуваме сите ученици да продолжат да си ги истражуваат и надополнуваат своите квалитети, а наставниците и целокупниот училишен кадар ќе ги поддржува во нивниот понатамошно школување и истражување.

Честитки и само успеси во понатамошните училишни чекори!

Почеток

10:00

недела, март 14, 2021

Крај

13:00

недела, март 14, 2021

Адреса

ООУ Блаже Конески - Скопје

Учесници на настанот

You cannot copy content of this page

error: Содржината е заштитена !!