ООУ „Блаже Конески“ Општина Аеродром има талентирани ученици кои постигнуваат успеси на меѓународно ниво и со кои сите
ние се гордееме!
Денес чешкиот амбасадор во Македонија – Јарослав Лудва го посетиме основното училиште „Блаже Конески“, и се сретна со
Јарослава Ѓуричиќ ученичка која постигна успех и беше наградена на Интернационална детска изложба „Fine Arts” во Лидице,
Република Чешка. Денешната средба е уште една потврда дека во нашето училиште има таленти кои постигнуваат успех и на меѓународен план.
Честитки за меѓународниот успех на Јарослава и благодарност до амбасадорот за честа да ја врачи наградата и да биде наш
гостин.



















































































