Нека ни е честит денот на нашиот патрон, големиот великан Блаже Конески (19.12.1921 ‒ 8.12.1993)!
На 19.12.2022 чествуваме 101 година од неговото раѓање. Блаже Конески е стожер на нашата институција, темелник на современиот македонски јазик, основоположник на македонистиката и на македонската филологија, еминентен професор, лингвист, литературен историчар, научник и писател со бележита меѓународна репутација, член на неколку академии на науките и уметностите, почесен професор на низа еминентни универзитети, лауреат на значаен број македонски и меѓународни награди и признанија, поет, прозаист, есеист, публицист, преведувач.