Одржано првото виртуелно предавање во склоп на проектот „Интернетот не е само игра… Кликај безбедно“

Катерина Ѓорѓиева, Специјалист за квалитет и знаења на службата за корисници на телекомуникациска компанија А1, преку интерактивно предавање им се обрати на трите четвртоодделенците од нашето училиште. Таа им презентираше интересни податоци за интернетот, посочи како безбедно да бидат дел од светската мрежа, а притоа како да ги заштитат своите лични податоци.

Програмата се реализира во соработка со Министерството за образование на Република Северна Македонија, а со одобрение на Бирото за развој на образованието.

На овој линк може да ја погледнете брошурата за Кликај безбедно.
Брошура „Кликај безбедно“

Додека пак, на следниот линк е прикажана изјавата на нашата директорка – Сузана Настовска
Успешен старт на едукативната програма за деца „Интернетот не е само игра… Кликај безбедно!“ на А1 Македонија – fakulteti.mk

Почеток

10:00

четврток, февруари 25, 2021

Крај

13:00

четврток, февруари 25, 2021

Адреса

ООУ Блаже Конески - Скопје

Учесници на настанот

error: Содржината е заштитена !!