Во ООУ „Блаже Конески“ на ден 27.11.2019 год. членовите и координаторите на Црвениот Крст на РСМ – Општинска Организација Кисела Вода, одржаа предавање на тема: Болести на зависности. Обуката траеше 120 минути, каде 54 учениците активно учествуваа во предавањето и отворија дискусија преку лични примери и примери во општеството.
Целта на обуката беше учениците да ги согледаат причините и последиците од болестите на зависност, соодветно да пристапат и да бидат внимателни во иднина!
Учениците станаа побогати за уште едно знаење, а ние наставниците и координаторите горди на нивната заинтересираност и мудрост.