Известување за родители за запишување на првачиња во учебната 2021/2022 година


Информации за новата учебна 2021/2022 година

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РОДИТЕЛИ
За запишување на првачиња во учебната 2021/2022 година во ООУ„Блаже Конески“-Аеродром, Скопје

Известување од Министерство за образование
Согласно Законот за основно образование (Сл.весник бр.161 на РСМ од 05.08.2019 год.) член 60:
Став (1)
„Децата во прво одделение во основно училиште се запишуваат во месец мај за следната учебна година“.
Став (2)
„При запишувањето на детето во прво одделение, родителот, односно старателот е должен да достави потврда за примените задолжителни вакцини за детето, офталмолошки и стоматолошки преглед, издадена од надлежна здравствена установа“.
Став (3)
„При запишување на дете со попреченост во прво одделение, родителот, односно старателот е должен да достави потврда за примените задолжителни вакцини за детето, офталмолошки и стоматолошки преглед, издадена од надлежна здравствена установа“.
Став (4)
„Во прво одделение на основното училиште, родителот, односно старателот е должен да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе наполни шест години“.
Став (5)
„По исклучок од ставот (4) на овој член, детето може да се запише во прво одделение, доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по претходно барање на родителот, односно старателот и добиено мислење од педагог или психолог во училиштето“.
Став (6)
„Запишувањето на детето на барање на родителот, односно старателот, здравствената установа може да го одложи за една година, ако се утврди дека детето не е подготвено да оди на училиште“.
Став (7)
„Децата кои не се вклучени во настава, а се со надмината возрасна граница, може да се запишат во основно училиште согласно член 14 од овој закон“.
Уписот на детето во основно училиште е обврска на секој родител/старател, кој е должен да ја изврши во текот на месец мај, заклучно со 31 Мај за дете кое до крајот на календарската 2021 година, односно до 31.01.2022 година (по барање од родителот / старателот и добиено мислење од педагогот / психологот на училиштето) ќе наполни 6 години или дете кое на почетокот на учебната 2021/2022 година ќе има 5 години и 8 месеци.

УПИСОТ ЌЕ СЕ ОДВИВА НА СЛЕДНИОТ НАЧИН:

Уписот на првачињата за учебната 2021/2022 година ќе се реализира преку порталот uslugi.gov.mk , на кој родителите/старателите ќе можат да пополнат Апликација, да изберат училиште и да ги прикачат потребните документи скенирани. Најавата ја вршат со својата лозинка за најава во УЈП.
Оние родители кои поради било каква причина немаат можност да ја искористат оваа електронска услуга, останува можноста за пријавување за упис на своето дете и со физичка достава на документи директно во училиштето.

*Откако апликацијата ќе биде прифатена од страна на училиштето, ќе се одреди термин на кој ученикот со родител/старател ќе дојде на разговор кај Комисијата за упис при училиштето.

Рок на доставување на Апликацијата од 01.05.2021 до 31.05.2021 година
На денот на запишувањето на детето, родителот/старателот е должен да го достави следните документи:
Лична карта на родителот на увид
Извод од матична книга на родените од детето – фотокопија
Потврда за примени задолжителни вакцини, издадена од надлежна здравствена установа
Потврда за стоматолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа
Потврда за извршен офтаматолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа
За децата со попреченост родителот приложува функционална процена од стручната комисија на деца и младинци за дополнителна образовна социјална и здравствена поддршка според МКФ
*Имајќи ја во предвид светската пандемија предизвикана од вирусот COVID-19, како и насоченоста на здравствените работници кон сузбивање на вирусот, МОН укажува за следното:
Доколку при запишување на дете во прво одделение родителот не достави потврда за извршен офталмолошки преглед, потребно е да приложи упат за вршење на офталмолошки преглед,а потврдата од извршениот преглед родителот да ја донесе веднаш по добивање на истата, но не подоцна пред започнување на учебната 2021/2022 година.
 Доколку при запишување на дете во прво одделение родителот не достави потврда за извршен стоматолошки преглед, родителот има можност истата да ја достави пред започнување на учебната 2021/2022 година.
За запишување на ученикот во учебната 2021/2022 година услов е да има комплетна документација

Уписот ќе се одвива согласно сите мерки за заштита од вирусот Ковид 19 според Протоколот.

Контакт телефон: 02 2469 746
e-mail: blaze_koneski1@yahoo.com

Ви посакуваме среќен и успешен почеток!

Директор
Сузана Настовска

error: Содржината е заштитена !!