Конкурс за избор на ученик – првенец на генерација 2020/2021 година

ОПШТИНСКО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ – Скопје
Комисијата за избор на ученик – првенец на генерација при ООУ „Блаже Конески“ – Скопје распишува:


КОНКУРС

За избор на ученик – првенец на генерација за учебната 2020/2021

Право на учество имаат ученици од деветто одделение кои ги исполнуваат следните услови:

  • Да покажуваат примерен однос во училиштето и надвор од него.
  • Да имаат континуиран одличен успех.
  • Да имаат учествувано на училишни натпревари (интерни-училишни, општински, регионални, државни, меѓународни)
  • Да имаат освоено награди, дипломи, признанија, благодарници.
  • Активно да учествуваат во слободни ученички активности, во воннаставни активности, како и во работата на ученичките организации и училиштето воопшто.

Учениците кои ги исполнуваат горенаведените услови да се обратат кај своите класни раководители за дополнителни информации и помош при подготовка на документите.
Потребните документи да се достават електронски на следниот e-mail: blaze_koneski1@yahoo.com најдоцна до 25.05.2021 година.

Документите да содржат:

  • Пријава до комисијата
  • Копии од дипломи, пофалници, благодарници и сл.

Комисијата ќе ги разгледа пристигнатите документи и според правилникот на училиштето за бодување, ќе состави кандидатска листа за избор на ученик-првенец на генерација.

Наставничкиот Совет, на крајот од учебната година, ќе го прогласи ученикот -првенец на генерација.

Линк до ПРИЈАВА ЗА ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈА

error: Содржината е заштитена !!