Обука за Scientix амбасадори

Scientix е проект инициран од Европската комисија за истражување и иновации и е под FP7 програмата за истражување и технолошки развој. Со Scientix менаџира European Schoolnet Academy со седиште во Брисел, Белгија. EUN е мрежа од 30 Министерства за образование во Европа и претставува една од клучните организации за иновации во наставата и учењето кои силно ја подржуваат европската соработка помеѓу училиштата и наставниците. Oваа обука се реализираше на Scientix Moodle платформата во периодот од 02.10.2017 до 04.12.2017 година. Оваа обука ги вклучува сите СТЕМ наставници кои ја поддржуваат дисеминацијата на Scientix и размената на искуства и практики во СТЕМ образованието. Во неа учестувуваа наставници од ООУ „Блаже Конески“, коишто на крајот се закитија со сертификати.