Прв наставник – ментор во ООУ,,Блаже Конески“ – Јадранка Клисарова 📖

Кога ќе избереш во животот да работиш нешто што навистина го сакаш, секој успех ќе го доживееш со радост. Првпат ние наставниците имаме можност да напредуваме во својата кариера благодарение на реформите на Министерството за образование и наука.
Овие шест месеци беа навистина напорни и конкурсот бараше многу работа и трпение, затоа резултатите уште повеќе ме радуваат.
Благодарам до сите, кои веруваа во моите способности и капацитети и постојано ми даваа поддршка. А најголемата поддршка и мотивација се моите ученици и моето семејство.
„ТАЈНАТА НА УСПЕХОТ ВО ЖИВОТОТ НЕ Е ВО ТОА ДА СЕ РАБОТИ ТОА ШТО СЕ САКА, ТУКУ ДА СЕ САКА ТОА ШТО СЕ РАБОТИ“
error: Содржината е заштитена !!