Соопштение за реализирање на консултативно – советодавна работа од страна на училишниот стручен тим

Почитувани родители,
ООУ „Блаже Конески“, општина Аеродром, Скопје, организира консултативно – советодавна помош и поддршка на ученици и родители/старатели од страна на стручните соработници (психолог, педагог и дефектолог).

Согласно препораките за работа во услови на вонредна состојба во државата истата ќе се реализира преку електронски пат односно преку нашите електронски адреси . Целта е да им се овозможи континуирана помош и поддршка на родителите/старателите и учениците од страна на стручниот тим во училиштето односно обезбедување на поддршка во учењето, емоционална поддршка како и поддршка на учениците со посебни образовни потреби и специфични потешкотии во учењето.
Како стручен тим во училиштето ве повикуваме и поттикнуваме да ни се обратите на следните електронски адреси:

    1. психолог – aleksandra.a.b@gmail.com
    1. педагог – fonikastanoeva@yahoo.com
    1. дефектолог – misevska.marija@yahoo.com

Во овие вонредни услови кои предизвикаа големи промени во нашиот секојдневен живот, пред се најважно е да го зачуваме нашето физичко и ментално здравје. За таа цел стручниот тим на училиштето на својата веб страна ќе постира корисни информации во согласност со ситуацијата и дадените насоки од страна на МОН, БРО, општина Аеродром и други соодветни институции.

Стручниот тим при ООУ „Блаже Конески“ ви посакува да останете во добро здравје и уживајте во времето поминато со вашето семејство.

error: Содржината е заштитена !!