Препораки за родителите за време на коронавирусот

Почитувани родители,
Сигурно во оваа новонастаната ситуација со корона вирусот поради која се променети добар дел од наши секојдневни навики и активности се прашувате како да им се помогне на децата во услови на изолација поради корона вирусот?

Секако дека прекинот на наставата првично кај сите деца донесе некаква олеснителна околност но со тек на време ќе почнат да се чувствуваат бескорисни поради нарушување на секојдневниот ритам на активности и комуникација со своите врсници. Психо-социјалните околности на изолацијата можат да предизвикаат фрустрирачки реакции кај нив.

За да се избегнат фрустрирачките реакции кај децата и анксиозноста поради изолацијата еве неколку совети со кои ќе им помогнете:

  1. Во случаи кај децата се појави страв од новонастанатата ситуација поттикнувајте ги да поставуваат прашања и слободно да го искажат стравот во врска со неа.
  2. Децата различно се справуваат со тешки и стресни ситуации односно некои деца полесно, а некои потешко. Развивајте ја способноста кај детето да разликува добро од лошо и кон другите да се однесува со почит.
  3. Овозможете им на децата да ги изразат своите емоции и охрабрувајте ги да го прават тоа почесто.
  4. Заедно направете распоред на активностите (читање, учење, вежбање и решавање на задачи) во услови на е – настава.
  5. Можно е дакај децата да се појави несигурност и да зборуваат за себе си дека тоа што го работат не е добро, не им оди од рака (математика, читање, цртање и сл.) или пак да се појави избегнување на обврските. Пристапете му на проблемот рационално, со трпеливост но и принципиелност во постапувањето.
  6. Самоефикасност e вештина која ви помага да знаете дека можете ефикасно да се носите со новонастаната ситуација. Кај децата можеме да ја поттикнеме така што ќе им помогнеме да се сконцентрираат на внатрешната сила и да ги охрабруваме самостојно да донесуваат одлуки. Секоја грешка треба да се поврзе со одредена ситуација за децата да можат да знаат за следниот пат на ист проблем да реагираат поинаку и подобро.
  7. Самодовербата се однесува на тоа детето да развива верба во сопствените способности, што се јавува како резултат на чувството на самоефикасност.
  8. Самодовербата може да се јакне со насоченост кон она што е најдобро кај детето и секогаш да биде пофалено за нешто што добро и успешно направило и посебно за трудот што го вложил за тоа.
  9. Иако самодовербата се гради на база на успешност и совладување на предизвикувачки задачи, мора да се внимава на децата да не им бидат поставени повеќе или потешки предизвици со кои нема да може да се изборат.
  10. Доколку настане конфликт секогаш мислете на тоа дека важна улога има разговорот и комуникацијата.
  11. Работите многу нешта заеднички со децата и делете искуства со своите пријатели, колеги и блиски членови од семејството, (се разбира телефонски или преку интернет) така што ќе може кај децата да се развива чувство на сигурност со свест дека постојат одреден број на луѓе кои се секогаш тука за него и на кои можат да се потпрат доколку им е потребно.

Уживајте во времето поминато со Вашите блиски.

Ве поздравувам и се надевам дека оваа ситуација нема да трае долго.

Психолог Александра Арсовска Белчовска

You cannot copy content of this page

error: Содржината е заштитена !!