Online настава

Со оглед на новонастанатата ситуација на епидемија со коронавирусот, една од мерките кои ги усвои Владата на Република Северна Македонија за заштита на јавното здравје во услови на брзо ширење на коронавирусот е привремен прекин на воспитно – образовниот процес во државата. Основците и средношколците не одат на училиште, не посетуваат настава. Помалите од нив не посетуваат градинка. Но, тоа не значи дека образовната надградба треба да застане. Напротив, има многу начини како децата да продолжат да се едуцираат и во вакви вонредни околности, во домашни услови.

Од 16.3.2020 година на МРТВ започна емитувањето на едукативна програма наречена „ТВ училница“. Трите канали на националниот телевизиски сервис ќе емитуваат едукативни содржини по предметите кои учениците ги изучуваат на училиште. Наставници ќе ги предаваат лекциите кои во овој период требаше да бидат совладани согласно наставните планови и програми. Додека за децата од претшколска возраст ќе се емитуваат едукативни емисии и приказни согласно нивната возраст. Министерството за образование и наука упатува апел до сите ученици да ја следат програмата и корисно да го исполнуваат времето кое го поминуваат дома, додека училиштата и градинките се привремено завторени. Образованието е нивниот најдобар интерес и процес кој не смее да трпи застој!

Средства  за  електронска  комуникација  можат  да  бидат  видеоконференциски платформи, електронска пошта или други системи за електронска размена на податоци. За употреба на видот на средствата за електронска комуникација од став 2 на овој член одлука донесува основното училиште. На следниот линк ви е дадена листа на бесплатни дигитални платформи,  апликации и содржини за учење од дома.

http://www.mon.gov.mk/index.php/2014-07-23-14-03-24/vesti-i-nastani/3119-besplatni-digitalni-platformi-aplikacii-i-sodrzhini-za-uchenje-doma

Препорака на Министерството за образование и наука е да се практикува оваа листа на бесплатни и слободни за користење дигитални платформи, апликации и содржини што може да бидат корисни за едукација на младите.

Согласно одлуката од одржаниот состанок во Општина Аеродром на ден 18.3.2020 (среда), односно продолжување на едукативниот процес на учениците преку една од наведените горе онлајн-платформи – Google Classroom, донесена е и Одлука во ООУ„Блаже Конески“ – Скопје да се спроведува онлајн-настава од прво до деветто одделение, која се одвива по истиот наставен план на училиштето. Сите одделенски и предметни наставници од понеделник 23.03.2020 година го започнаа наставниот процес со зададени цели, содржини и задачи. Преку самата платформа од страна на наставниците, учениците  имаат предавања, презентации, квизови, но и тестови . Учениците треба да ги поставуваат нивните прашања, одговори, но и коментари. Потребно е само да ги следат  сите инструкции што им се задаваат.

Под текстот ви се дадени линкови на видеа-туторијали за употреба на платформата google classroom.

Видеата се изработени од Татјана Илиевска, наставник по англиски јазик во ООУ „Блаже Конески“ Аеродром, а едитирани од Лука Илиевски, ученик во VII-1 одделение во ООУ „Блаже Конески“ Аеродром.

Исто така согласно Одлуката за мерки за справување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД 19 донесена на 17 седница на Владата на 12.3.2020, Директорот на ООУ„Блаже Конески“ – Скопје донесе Одлука за воведување на ротационо дежурство на наставниот, техничкиот и административниот персонал.
Оваа одлука е во сила се додека не се добијат препораки и мерки за прекинување од страна на Владата и Министерството за образование и наука. По барање на родителите на деца до 10 годишна возраст се издаваат потврди за нивно оправдано отсуство од работа.

Образованието е процес, а не чин. Да им помогнеме на децата да продолжат со учење дома во периодот додека училиштата и градинките се привремено затворени.

НА СИТЕ ВИ ПОСАКУВАМЕ ДОБРО ЗДРАВЈЕ И ПОБРЗО ВРАЌАЊЕ НА НАШИТЕ УЧЕНИЦИ ВО УЧИЛИШНИТЕ КЛУПИ

СЕКОЕ ДОБРО

 

Видео 1. Туторијал за користење на Google Classroom за наставници и ученици

Видео 2. Како да се реши и испрати задача на наставникот во Google Classroom

Видео 3. Како да прикачите слика од е-учебник во работен документ во Google Classroom

Видео 4. Каде да ги напишете и испратите одговорите во Google Classroom

error: Содржината е заштитена !!