Соопштение за запишување на учениците во прво одделение за учебна 2020/2021 година

СООПШТЕНИЕ
за запишување на учениците во прво одделение за учебна 2020/2021 година

  1. Уписот на првачиња започнува на 01.06.2020 година.
  2. Родителот е должен да го запише во прво одделение детето кое до крајот на календарската година ќе наполни шест години.
  3. Детето може да се запише во прво одделение и во случај ако наполни шест години до 31-ви Јануари наредната година, по претходно барање на родителот и добиено мислење од психологот или педагогот на училиштето.

Потребни документи за запишување

  1. Извод од матичната книга на родените на детето
  2. Потврда од матичниот лекар за примените вакцини од надлежна здравствена установа
  3. Потврда за извршен стоматолошки преглед од надлежна здравствена установа
  4. Државјанство на детето (за деца родени во странство)
  5. Копија од лична карта од родител
  6. При запишување на дете со попреченост во прво одделение родителот, односно старателот е должен да достави и мислење/функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна, образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.

Документите треба да се достават на денот на опсервација на детето во оригинална форма во термин кој дополнително ќе биде утврден.

Основното училиште ги опфаќа учениците од својот реон утврден од основачот на основното училиште. Сите деца кои припаѓаат под реонизација на ООУ „Блаже Конески“ – Аеродром, Скопје на домашна адреса ќе добијат покана со закажан термин.

Стручна служба при ООУ „Блаже Конески“ – Скопје

error: Содржината е заштитена !!